Кина распореди 71 борбен авион околу Тајван

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Кина распореди 71 борбен авион, вклучително и 60 ловци, во воени маневри околу Тајван, соопшти министерството за одбрана во Тајпеј.

Пекинг соопшти дека извршил воени вежби вчера во близина на Тајван, како одговор на „провокациите“ и „заговорите“ на САД и властите на островот.

Тајван наведе и дека во вежбите учествувале шест борбени авиони СУ-30.

Кина го смета Тајван, со население од 24 милиони, за една од нејзините провинции и се спротивставува на секој дипломатски контакт на тајванските претставници со други земји.

Слични содржини