Песков: Не е време за новогодишни честитки меѓу Русија и САД

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Русија и САД отидоа толку далеку во своето непријателство што сега не е време за новогодишни честитки, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Вака тој одговори на новинарско прашање дали рускиот претседател Владимир Путин планира да му ја честита Новата година на американскиот колега Џо Бајден, пренесува РИА Новости.

„Не сега. Сега навлеговме толку длабоко во меѓусебно непријателство што веројатно не е време за честитки“, рече Песков.

На прашањето дали ова важи за сите непријателски земји, Песков одговори дека не може да каже со сигурност.

Путин планира да разговара со Си пред Нова година

Рускиот претседател Владимир Путин планира да разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг пред Нова година, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Навистина, има планови за комуникација, навремено ќе се огласиме заедно со нашите кинески пријатели“, одговори Песков на новинарско прашање, пренесува агенцијата ТАСС.

На прашањето да се прецизира форматот на комуникацијата, портпаролот на Кремљ истакна дека е премногу рано да се зборува за тоа.

Слични содржини