Најмалку 56 лица ги загубија животите во САД и Канада во зимската бура

од Stefanija Kuzmanovska
167 прегледи

Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си.

Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка.

Смртни случаи од невремето беа пријавени и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.

Слични содржини