Курти: Барикадите зад кои стои Белград ќе пропаднат, прашање на денови е кога ќе бидат отстранети

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека барикадите на Косово се барикади на луѓе „во темни униформи, луѓе кои се ќелави, со бради и кои го имитираат Дража Михаиловиќ“, оценувајќи дека тоа се „воинствени барикади“ и дека „не е можно“ граѓаните самоиницијативно да поставуваат барикади туку „Белград стои зад тоа“.

Во интервју за порталот Istraga.ba, кое го пренесе Kossev, Курти вели дека станува збор за „Вагнер барикади“.

Тој повтори дека КФОР побарал дополнително време за отстранување на барикадите, но дека рокот е „прашање на денови“ и дека косовските власти сами ќе ги отстранат доколку оваа мисија на НАТО не го стори тоа.

„Тие не знаат ништо друго освен да ги повторат грешките од деведесеттите кога изградија барикади во Босна и Хрватска. Така што на некој начин знаат само да се повторат“, рече Курти.

Тој оцени дека „ако се повторувате, тогаш се подготвувате за неуспех“ и додаде дека мисли дека барикадите ќе пропаднат.

„Мислам дека многу од тоа е поврзано со Србите кои доаѓаат од Србија. А на сликите на социјалните мрежи се гледа како се фалат и како му се поклонуваат на Кремљ и членовите на Вагнер“, рече Курти.

За повиците на Западот за формирање Заедница на српски општини, Курти вели дека формирањето на тоа тело без признавање на независноста на Косово е „како пита без тепсија, а такво нешто не може“.

Слични содржини