222
Стивен Грајф, популарен по улогите во серијата „Круната“ и научнофантастичната драма „Блејкс 7“, почина на 78-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.
„Со голема тага ја објавуваме смртта на прекрасниот Стивен Грајфт. Неговата богата кариера е обележана со бројни улоги на малите екрани и на сцената, вклучувајќи ги Националниот театар, РСЦ и Вест Енд.
Многу ќе ни недостига, а нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, изјавила Мишел Брајдман Асошиејтс, која била негов агент пренесува „Дејли мејл“.
Грајф го играше спикерот на Домот, Сер Бернард Ведерил во серијата „Круната“ на Нетфликс.