Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради коронавирусот

од Radmila Tasevska
157 прегледи

Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради порастот на случаите на коронавирус во земјата, откако Пекинг ги олесни строгите мерки и ја напушти својата политика на „нулта толеранција Ковид-19“.

Во објаснувањето за причините за воведувањето на ограничувањата се наведува „недостатокот на информации од Кина за варијантите на вирусот, бројот на заболени, како и степенот на епидемијата“, наведува Ројтерс.

Соединетите држави ќе воведат задолжителни тестови за КОВИД за сите патници кои пристигнуваат од Кина почнувајќи од 5 јануари.

Слични содржини