Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска во емисија зборуваше подетално за колку би се намалиле сметките за електрична енергија од 1-ви јануари 2023 година. Тој објасни колку сега ќе изнесува сметката ако на некое домаќинство претходно му стигнувало да плати околу 3000 денари за струја.
-Некој што имал сметка од 3000 денари, со една вообичаена карактеристична прераспределба во блоковите, трошокот за електрична енергија без ДДВ би се намалил за околу 2,8 проценти, но само заради воведувањето на ДДВ, вкупниот трошок ќе му се зголеми за 2%. Токму затоа ги намаливме првиот и вториот блок, за зголемувањето на ДДВ да биде незначително кај самите домаќинства. Горе-долу ќе биде тука некаде, тоа ми беше целта, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“.