169
Околу 9.000 луѓе во Кина веројатно умираат секој ден од коронавирусот, соопшти денеска британската компанија за здравствени податоци „Ерфинити“ со седиште во Лондон, што речиси двојно ја зголеми својата проценка од пред една недела.
Кумулативниот број на смртни случаи во Кина од 1 декември веројатно достигна 100.000 од вкупно 18,6 милиони заразени, соопштува „Ерфинити“, пренесе „Ројтерс“.
Компанијата наведе дека користи модели базирани на податоци од кинеските провинции пред да се спроведат неодамнешните промени во известувањето за случаи.