Дру Баримор имаше тежок период зад себе, а тоа уследи по нејзиниот развод од сопругот Вил Копелман.
„Има моменти кога гледате во некој кој е силен, но во исто време скршен и мислите: ‘Како се случи ова?’. Јас бев таа личност. Се скршив“, рекла таа и додала дека од Калифорнија се преселила во Њујорк, пренесува „Page Six“.
Познатата актерка претходно откри дека алкохолот ѝ бил секојдневие, но потоа решила да сврти „нов лист“.
„Алкохолот ми беше секојдневие. Не можев да се сменам. Бев слаба и не можев да го направам она што е најдобро за мене“, признала таа.
Успеала да ги остави пороците, а потоа се свртела кон терапија.
„Кога ќе заглавите во шема на однесување или ако поминувате низ одредени ситуации, не е доволно само гласно да ги признаете, туку морате да се присилите да кажете: ‘Подготвена сум да направам големи промени’. Мислам дека сите мислиме дека сме многу слаби ако не ги направиме тие промени“, рече Баримор минатата година во интервју за CBS Mornings.