„Ти благодарам“: Откриено до кого била упатена последната порака на Пеле

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст. Едсон Арантес до Насименто – Пеле важи за еден од најголемите играчи на сите времиња. Со репрезентацијата на Бразил три пати беше светски првак, успех кој го нема повторено ниеден друг фудбалер.

Првата титула ја освои во 1958 година, кога како 17-годишник го воодушеви светот и веднаш стана клучен играч на репрезентацијата, втората титула ја освои четири години подоцна, а последната во 1970 година. Во својата последна порака до јавноста преку социјалните мрежи, Пеле му се обрати на Килијан Мбапе.

„Ти благодарам Мбапе. Среќен сум што собори уште еден мој рекорд на ова Светско првенство!“ – му порача Пеле на францускиот фудбалер.

Мбапе го собори рекордот на Пеле за најмногу постигнати голови на светските првенства во конкуренција на играчи до 24 години.

Мбапе постигна хет-трик против Полска во осминафиналето и со тоа стигна до девет гола на Светското првенство. Во финалето против Аргентинците постигна уште еден хет-трик и со тоа стигна до 12 гола на Мундијалот во Катар, што е идентично со вкупниот број на Пеле.

Слични содржини