Моника Белучи со години важи за најубава жена во Европа, а за тоа се заслужни нејзините здрави навики.
Актерката изјавила дека не сака рано да станува за да вежба во теретана, па затоа често ја гледаме во црна облека.
Наместо во теретана, таа одлучила да оди на пливање, на кое оди четири пати неделно по 45 минути.
Исто така, таа не е љубител на екстремни диети, а нејзините облини секогаш оставаат впечаток на женственост. Омилено јадење на оваа Италијанка секако се тестенините, а како што таа тврди не се работи за намирниците туку за количините.
Првиот ден од неделата појадува 150 мл јогурт и јаболко, за ручек 200 г варено говедско месо, 200 г зелена салата и парче леб, додека вечерата е резервирана за шолја шумско овошје, 150 гр ориз, 50 гр сирење, салата. Во вторник појадува кафе, тост и џем, напладне јаде омлет од три јајца, две тиквички и интегрален леб, а вечера 150гр месо и салата.
Како што пренесува сајтот monicabellucci.net, третиот ден од неделата конзумира зелен чај и тост со мед, грејпфрут за појадок, 200 гр печен компир и 100 гр сирење за ручек и 170 гр шпагети со сос од домати и овошје за вечера. Убавата актерка во четврток наутро јаде јогурт со малку маснотии со мед и сирење, во текот на денот 100гр ориз, 100гр тиквички и 100гр варено говедско, додека пред спиење јаде 200 гр риба, салата од зеленчук, леб, овошје. Последниот ден од диетата е петтиот, а тогаш појадува чаша свежо цеден сок и солени крекери, ручекот е 100 гр шпагети, салата, портокали или грозје, а навечер јаде салата, грав и овошје.
Нејзин совет е да го повторите ова мени уште една недела по петтиот ден, а се очекува да изгубите од 2 до 3 килограми.