СЗО: Потребни се повеќе информации за да се процени порастот на инфекциите со корона во Кина

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) има потреба од повеќе информации за да го процени последното зголемување на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, изјави генералниот директор на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе денеска „Ројтерс“.

„За да се направи сеопфатна проценка на ризикот на ситуацијата на теренот во Кина во врска со короната, на СЗО ѝ се потребни подетални информации“, напиша Гебрејесус на Твитер доцна во четвртокот.

Бројот на заразени со коронавирусот се зголеми ширум Кина овој месец, откако Пекинг ја укина својата стратегија за нулта толеранција против вирусот, вклучително и редовно тестирање на ковид.

Слични содржини