Курти: Немаше таен договор со Белград за отстранување на барикадите

од Radmila Tasevska
175 прегледи

Премиерот на привремените институции на Приштина, Аљбин Курти, денес демантираше дека имало таен договор со Белград за отстранување на барикадите на северот на Косово.

Курти изјави дека единствената гаранција што Приштина им ја дала на претставниците на меѓународната заедница е дека нема списоци за апсење на Србите на северот од покраината и категорично негираше дека дал гаранции за формирање на Сојузот на Србите во општините, јавуваат Репортери.

Тој додаде дека средбите за ситуацијата на северот на Косово и Метохија биле одржани само со претставници на КФОР и ЕУЛЕКС и со амбасадорите на Квинта и на САД.

Слични содржини