Мицкоски: Да покажеме заеднички патриотизам, новата 2023-та година нека биде година на промени

од Vladimir Zorba
135 прегледи

„Мора да станеме сите заеднички, да чекориме напред, промените почнаа и враќање нема. Ние имаме право на иднина која ќе е подобра за нашите деца. Таа иднина ние ќе ја обезбедиме“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето новогодишно обраќање.

„Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот да има повеќе пари, власта да има повеќе одговорност.

Власта треба да се врати кај народот. Време е. Да создадеме иднина во која веруваме. Иднина која ја заслужуваме

Силно верувам во Вас, верувајте и Вие во себе“, порача Мицкоски.