Две лица загинаа во пад на спортски авион во близина на аеродромот во Приједор, Република Српска, соопшти полициската управа на Приједор.
Овој случај во полиција бил пријавен околу 14 часот и 50 минути.
Во соопштението се додава дека за ова се информирани Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ, дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Приедор и Обвинителството на БиХ, кое е одговорно за постапување и дополнителни информации.
Според информациите од терен, загинал познат инструктор по летање и неговата ќерка.