Меѓународен ден на Брајовото писмо и образование на лицата со попречен вид

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Соопштение на Коалиција Менуваме

Образованието на лицата со попречен вид-слепите започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности. Најпрво Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат”, текстот бил плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис.

Идејата на Дени Дидро за образование на слепите ја продолжил Валентин Ај, кој при една средба со слеп питач, случајно забележал дека слепите лица со помош на прстите можат да разликуваат релјефни облици и на тој начин дошол до идеја за нивно образование и читање на релјефни букви. По долго учење и тренирање на еден слеп младинец на релјефни букви изрезбани на дрво, успеал да издејствува кај „Француската академија на науки” да добие дозвола и подршка да образува слепи лица. Образованието на слепите лица било комплетирано со пронајдокот на Луј Брај, кој во 1825 година ја измислил релјефната шестоточка која била основа за креација на релјефното писмо (азбука) на слепите.

Оттогаш ширум светот се отвараат голем број на училишта за слепи лица.

Денес на место брајовото писмо кој е загарантирано со сите меѓународни документи е НЕВИДЛИВО во образовниот систем освен во ДУРДМОВ Димитар Влахов Скопје. Коалицијата Менуваме направи евалуација на системот кој има потврдено за да

ИЛЈАДНИЦИ ЛИЦА не го знаат брајовото писмо ради следните причини:
1 едно единствено училиште кој постои 68 години кој има произведено успешни кадри во сверата на Музиката, информатиката, глума, правници, физиотерапевти и еден од нај битните луѓе кој го има креирано матрицата за социјална заштита во Македонија кој денес не е меѓу нас. Е така тој храм денес е претворен во РЕСУРСЕН ЦЕНТАР што за тоа НЕ СЕ СЛОЖУВАМЕ тоа е мрак на ДУРДМОВ Димитар Влахов вон законот за средно стручно образование.
2 Институтот за Рехабилитатори не ги учи студентите кој треба да работат со слепи не ја изучуваат брајовата азбука.
3 Децата со попречен вид или слепи во редовните училишта кој се не го изучуваат брајовото писмо бидејќи нема кој да им го пренеси знаењето.
4 Никаде во институциите во Државата не е видливо брајовото писмо што е надвор од КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП и УСТАВОТ на Македонија.

ЗАВРШЕН ЦИТАТ:
Ако не постоеше ќе не измислеа но наша несреќа е што сме во Земја со пречки во развојот и политичари со посебни потреби!!!

Слични содржини