Делегација на МПЦ-ОА денеска ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува денеска на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст.

Слични содржини