Во кој град во државава се измерени најниски температури утрово?

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Најстудено утрово е во Лазарополе со -2 и во Битола со -1 степен. Температури од минус еден степен има и во Прилеп и Маврови Анови, 0 во Штип и Крушево, а најтопло е во Скопје со 6 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно, со појава на магла или ниска облачност. Само во Берово, во крајниот југоисточен дел, како и на планините е сончево, информираат изутринава од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претпладне во поголем дел од земјава ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку денот ќе се намалат и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладнена места умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Слични содржини