Од понеделник со повремени врнежи од дожд, снег на планините

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

До недела ќе се задржи стабилно време, по котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Утре ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот во повеќето котлини условите за магла да се намалат, најавуваат од УХМР.

Во понеделник претпладне се уште ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во вторник ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Слични содржини