Ердоган разговараше со Путин, повика на прекин на огнот во Украина

од Radmila Tasevska
153 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му рекол на својот руски колега Владимир Путин во денешниот телефонски разговор дека мировните напори во руско-украинската војна треба да бидат поддржани со едностран прекин на огнот и „визија за праведно решение“, соопшти денес турското претседателство, пренесува Ројтерс.

Ердоган повика на неизбежен прекин на огнот во Украина и мирно решение и потсети дека преговорите претходно „дадоа позитивни резултати“ – потпишана е црноморската иницијатива за жито, се направија напори за формирање безбедна зона околу нуклеарната централа Запорожје и разменети се затвореници.

Ердоган и Путин разговарале и за билатералните односи, регионалните и економските прашања и сириската криза, соопшти кабинетот на турскиот претседател, пренесува РИА Новости.

Слични содржини