250
Премиерот на привремените институции на Приштина му дозволил на српскиот патријарх Порфириј да го посети Косово, како дел од подготовките за прославата на православниот Божиќ, објавено е денес на веб-страницата на т.н. Владата на Косово.
Според информациите, министерот за враќање и заедници, Ненад Рашиќ, побарал од Курти патријархот Порфириј да го посети Косово, што Курти го прифатил.
На веб-страницата се наведува дека патријархот рекол дека попладнево ќе дојде на административниот премин и дека сака да влезе во Косово без телохранител.