Јанчева: Загаден воздух во Скопје, локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали парите за 44%

од Nikola Popovski
175 прегледи

Загадувањето на воздухот во Скопје останува горчлива и алармантна тема, која директно го засега најскапото нешто – здравјето на скопјани. Во 2022 година во буџетот за заштита на животната средина беа предвидени 88 милиони денари, а за оваа година сумата е речиси преполовена, на само 49 милиони денари. Таков е буџетот на Град Скопје којшто со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и во кој парите за заштита на животната средина се намалени за 44 %, изјави денеска Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Според неа, ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина, а со ваковиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот.

-Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо. За жал, скопјани и оваа година може да очекуваат од лошо полошо со ваква неодговорна локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кажа Јанчева на прес-конференција.

Oд најголемата опозициска партија обвинуваат дека Владата е виновна за загадениот воздух.

-Нека им каже некој во СДС на тие што даваат изјави, дека Ковачевски е во коалиција со Арсовска и Левица, владата е одговорна за загадениот воздух. Скопје се гуши заради неодговорноста и криминогеноста на СДС и Арсовска. На тајните средби на Ковачевски и Арсовска наместо да договараат тендери и профити, нека договорат мерки за почист воздух, посочија од „Белата палата“.

Слични содржини