Михаил Подољак, советник на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска најави дека до примирје ќе дојде само кога Русија ќе ги напушти териториите во Украина што ги окупирала.
„За разлика од Русија, Украина не напаѓа туѓа територија и не убива цивили. Украина на своја територија уништува само припадници на окупаторската војска“, напиша Подољак на својот Твитер профил.
Тој додаде дека „Русија мора да ги напушти окупираните територии“ и дека „само тогаш ќе има примирје“.
„Задржете го вашето лицемерие за себе“, заклучил Подољак.
Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од напладне на 6-ти јануари.