Објавен конкурсот Мостови на Струга за 2023

од Vladimir Zorba
159 прегледи

„Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го објавија конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор. (до 35 години)

Конкурсот трае до 21 февруари 2023 година, до кога сите книги и пријави треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, или во електронска форма, според условите наведени подолу.

Услови за учество на конкурсот за наградата:

Дебитантски книги на млади поети (под 35 години). Дебитантските книги треба да се издадени во претходните две години; (2021 и 2022)

Кандидатите треба да испратат 3 копии од книгата со која конкурираат на конкурсот, како и најмалку 7 песни од истата книга преведени на англиски јазик на поштенската адреса на Струшки вечери на поезијата (поштенски фах 111, 6330 Струга, Република Северна Македонија) или преку Националните комисии за УНЕСКО на државите членки. Крајниот рок за пристигнување на книгите на адресата на СВП е 21 февруари 2023 година. Освен 3 копии од книгата (во печатена и во електронска форма), англиски преводи на 7 песни од истата книга, кандидатите треба да испратат и кратка биографија на англиски јазик.  Апликацијата треба да се поднесе и во електронска верзија на адресата на СВП: [email protected] (заради дополнителна сигурност, потребните документи треба да се пратат и на [email protected]) Исто така, кандидатите треба да го испратат ISBN бројот заедно со потребните материјали.

-Националните комисии за УНЕСКО се поканети да ги примат апликациите и за тоа да ги информираат Струшките вечери на поезијата;

-Наградата вклучува статуетка, паричен износ и објавување на книга на поетот –лауреат во превод на македонски јазик;

-Лауреатот ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март 2023 година;

-Поетот–лауреат ќе биде поканет да учествува на изданието на „Струшките вечери на поезијата“ во Струга, Северна Македонија, кон крајот на август 2023 година, каде и ќе му биде врачена наградата на манифестацијата „Мостови“.

 

Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од најзначајните креативни изрази на човештвото.  Секоја година, СВП и УНЕСКО заеднички го чествуваат овој ден, при што официјално се соопштуваат и промовираат добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“.

Досегашни добитници на наградата биле: Ангело В. Суарез (Филипини) 2004, Андреа Коте (Колумбија ) 2005, Маријана Гејде (Руска Федерација) 2006, Мануа Риме (Белгија) 2007, Антонија Новаковиќ (Хрватска) 2008, Усман Сарус (Сенегал) 2009, Сим Кера (Естонија) 2010, Хироши Таниучи (Јапонија) 2011, Франсоа-Ксавиер Мегр (Франција) 2012, Николина Андова Шопова (Македонија) 2013, Хари Ман (Велика Британија) 2014, Паула Бозалонго (Шпанија) 2015, Руна Светликова (Белгија) 2016, Горан Чолакхоџиќ (Хрватска) 2017, Паули Тапио (Финска) 2018, Моника Херцег (Хрватска) 2019, Мартина Стракова (Словачка) 2020,  Владан Кречковиќ (Србија) 2021 и Џерардо Мазучо (Италија) 2022

Слични содржини