ЕДЕН војник загина, а еден офицер е ранет во пукање во воздухопловната база во австрискиот град Винер Нојштад, соопшти портпаролот на австриското Министерство за одбрана.
– Во касарната на воздухопловната база во Винер Нојштад, еден војник на стража загина, а уште еден е ранет во размената на оган што се случи утринава, нешто пред 7 часот – објави на Твитер портпаролот на австриската армија Михаел Бауер.
Бауер изјавил дека инцидентот се случил по конфликт меѓу војник и службеник на должност.
Според него, војникот создавал хаос и пукал во стражарите. Потоа го ранил дежурниот службеник кој го застрелал со службениот пиштол.
Полицаецот бил пренесен во болница, а степенот на неговите повреди засега не е соопштен. Се истражува дали полицаецот пукал во самоодбрана и што го предизвикало конфликтот, пишува виенски „Курир“.
Убиениот војник е 20-годишник од Долна Австрија.