Блокиран патот Штрпце-Урошевац по нападот на српските момчиња во Готовуша

од Radmila Tasevska
170 прегледи

Мештаните го блокираа регионалниот пат Штрпце-Урошевац откако денес во Готовуша кај Штрпце беа ранети две момчиња од Србија кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, јавува репортерот на Танјуг.

Пукањето настанало без никаква причина, соопшти Канцеларијата за Косово.

Како што се наведува во соопштението, роднините на С.С. (11) и М.С. (21) во моментот на нападот се движеле покрај патот и носеле елка кога напаѓачот отворил оган врз нив.