153
Во текот на оваа сезона Јапонија уништи речиси 10 милиони живина на фармите, што е рекордно високо ниво на зголемување на бројот на случаи на птичји грип низ целата земја, соопшти денеска јапонското министерството за земјоделство.
Бројот на уништената живина се искачи на 9,98 милиони откако префектурата Ибараки, североисточно од Токио, соопшти дека почнала да уништува околу 930.000 кокошки заразени со птичји грип на фарма во градот Широсато.
Денеска беа потврдени рекордни 56 инфекции во 23 од 47 јапонски префектури, објави „Кјодо“.