Зеленски: Со Ковачевски разговаравме за одбранбената соработка

од Nikola Popovski
108 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи преку Твитер за денешниот разговор со премиерот Димитар Ковачевски. Тој информира дека со македонскиот премиер разговарале за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји.

-Имав суштински разговор со премиерот Димитар Ковачевски на почетокот на претседавањето со ОБСЕ на Северна Македонија. Разговаравме за ризиците од ескалација на фронтот, натамошната одбранбена соработка и продлабочување на билатералните односи меѓу нашите земји, напишал Зеленски на Твитер.

Од Владата денеска објавија дека Ковачевски најавил посета на Украина.

-Во разговорот беше разговарано и за досегашната помош и поддршка која Северна Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакна благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Северна Македонија и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини.

Посебен фокус на разговорот беше развојот на настаните на воениот фронт како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. „Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, ќе ја посетам Украина, нагласил премиерот Ковачевски, објавија од Владата.

Слични содржини