Потенцијално доверливи документи пронајдени во канцеларија на Бајден, вклучен ФБИ

од Stefanija Kuzmanovska
126 прегледи

Американското министерство за правда ги разгледува потенцијално доверливите документи од времето кога Џозеф Бајден беше потпретседател на САД, кои беа пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Адвокатскиот тим на Бајден откри околу 10 досиеја во заклучен ормар во „Пен Бајден центарот“ во Вашингтон во ноември, рече неговиот адвокат, и тие биле предадени на Националниот архив, пренесува „Ројтерс“.

ФБИ е вклучен во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител Мерик Гарланд е побарано да ги прегледа документите, пишува CBS News.

Слични содржини