Дојава за бомба во руски авион со 236 патници, принудно слетал во Индија

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Индиските власти не пронајдоа сомнителна направа во рускиот авион, кој принудно слета на аеродромот во индиската држава Гуџарат поради дојава за поставена бомба, изјави денеска портпаролот на аеродромот Јамнагар.

Во авионот имало 236 патници и осум членови на екипажот, пренесува РИА Новости.

Авионот на руската компанија Azur Air летал од Москва до Гоа во Индија.

Претходно извор од индиското министерство за авијација за РИА Новости изјави дека авионот на руската авиокомпанија се проверува по дојавата дека во авионот била поставена бомба.

Слични содржини