Бившиот градоначалник Талески почна да ја издржува затворската казна во Прилеп

од Nikola Popovski
296 прегледи

Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески од вчера веќе е спроведен во затворот во Прилеп за издржување на затворската казна за случајот „Транспортер“.

Талески беше осуден на 8 години затвор, а предметот се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола.

Апелација на 28-ми декември донесе пресуда со која му ја намали затворската казна на 7 години.

Поранешниот градоначалник веќе помина три години во куќен притвор.

Меѓу десетемина кои добија затворски казни, исто како и Талески се раководител на сектор во Општина Битола во времето на мандатот на Талевски, кој доби 6 години и 6 месеци, додека останатите се управители на фирми за превоз. Затворските казни на управителите се движат од 2 години и 2 месеци до 3 години. Еден од управителите е и Џими Мицевски, кој е дел од музичката група „Молика“ – тој доби 2 години и 6 месеци затвор.

Слични содржини