Согласно проценките на Министерството за економија, моментално се стабилизирани цените во споредба со оние што беа во септември и октомври, каде што имаше нагло зголемување на цените на основните прехранбени производи, рече денеска министерот Крешник Бектеши.
Тој напомена дека веќе има намалување кај одредени производи.
-Ние никогаш не сме кажале дека ќе се вратиме на цените од пред една или две години. Сме кажале дека ќе има намалување на цените од септември/октомври од 7 до 12, 13% на одредени производи, како што веќе го има кај некои. Правиме различни мерки за да им излеземе во пресрет на компаниите за да ги намалат цените. Не зборуваме за увозни производи, туку само за домашните, порача Бектеши како одговор на новинарско прашање после посетата на компанијата „Пекабеско“.