Добредојден е секој разговор во насока на задржување на курсот на евроинтеграции, вели Ковачевски за тиранската средба

од Nikola Popovski
158 прегледи

Премиерот на Албанија (Еди Рама) е докажан пријател на нашата држава. Тој е докажан евроатлантист и човек кој што во секое свое излагање и работење се водел од принципот на интеграција на целиот балкански регион и Западен регион во НАТО и ЕУ. Сите негови јавни изјави се насочени кон тоа. Премиерот Рама и јас сме дел од партијата на европски социјалисти во Брисел, рече претседателот на Владата, Димитар Ковачевски коментирајќи ја синоќешната средба на лидерите на партиите од албанскиот блок во Македонија во Тирана со албанскиот премиер.

-Секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден, со оглед дека во нашиот регион постојат два концепти, а тоа се каде што предводници сме јас, Рама и други премиери – европска интеграција на регионот и другиот концепт во кои што политичари сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Тие политичари никогаш не понудија алтернатива, кажа Ковачевски.

Премиерот истакна дека вчерашните пораки после тиранската средба се токму во насоката на непречено одвивање на европските интеграции на Македонија и Албанија.

Слични содржини