Ковачевски ќе го посети Зеленски во наредните 30 дена

од Nikola Popovski
172 прегледи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска обелодени дека во наредните 30 дена е планирано да ја посети Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Ние имаме значајна улога како земја која претседава со ОБСЕ. Висока на агендата ќе биде секако војната во Украина. Министерот за надворешни работи веќе идната недела во Виена ќе ги претстави приоритетите на нашето претседателство со сите претставници на мисиите во ОБСЕ. Тој ќе има прво посета на Украина и состанок, а исто така и јас во наредните 30 дена ќе имам посета на претседателот Зеленски, рече Ковачевски.

Од Владата пред два дена информираа дека Ковачевски остварил телефонски разговор со украинскиот претседател.

-Во разговорот беше разговарано и за досегашната помош и поддршка која Северна Македонија ја обезбедува за Украина. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија. Претседателот Зеленски ја истакна благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Северна Македонија и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини, му рекол премиерот на Зеленски, истакнаа од Владата.

Слични содржини