204
Ракометарите на Северна Македонија ќе добијат вкупно 60.000 евра доколку победат во сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство, информираа од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Според одлуката на РФМ за една победа во групната фаза избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе добијат премија од 30.000 евра, за две 45.000 евра, а за сите три 60.000 евра.
Светското првенство во ракомет се игра во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари, а репрезентацијата на Македонија е во групата Ф со Норвешка, Холандија и Аргентина.
Подмладената македонска репрезентација на 13 јануари ќе игра против Норвежаните, а на 15 јануари следуваат натпреварите со Холандија и два дена подоцна со Аргентина.