Трајанов: Важно е САД да ја продолжат борбата против криминалот и корупцијата

од Nikola Popovski
141 прегледи

Исклучително важно е САД да го помогнат процесот и да ја продолжат ревносната борба против тешките облици на криминал, изјави синоќа лидерот и пратеник на Демократски сојуз, Павле Трајанов во емисијата „Аргумент плус“.

Според него, не постои јасно изразена политичка волја за борба против корупцијата.

-Уште помалку ние немаме систем за поефикасна и посилна борба против корупцијата. Имаме некредибилен судски систем со ниска доверба од граѓаните. Нема поддршка бидејќи целиот систем е во своевиден систем. Доколку добиеме таква поддршка, треба поширока да е поддршката не само борбата против корупцијата. Се зависи од нас, рече Трајанов.

На прашањето дали како Демократски сојуз ќе го поддржат евентуалното гласање на новата Влада што би требало да се донесе после 15 јануари, тој одговори дека за тоа ќе се координира со помалите политички партии.

-Јас ќе поддржам таква влада, ако 25 проценти од владата ги добијат албанските партии. Но, ако има 10 или 11 министерства што ќе ги добијат партиите на албанската етничка заедница, тогаш мислам дека ќе се отвори огромен проблем, ќе се создадат незадоволства, тензии во државата, истакнал меѓу другото Трајанов.

Слични содржини