Си-Ен-Ен: Адвокатите на Бајден пронајдоа нови доверливи документи

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Адвокатите на американскиот претседател Џозеф Бајден пронајдоа нови доверливи документи, откако пред неколку дена признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи, пренесува Си-Ен-Ен.

Еден од изворите изјави за Си-Ен-Ен дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот.

Се уште не е познато кога и каде адвокатите на Бајден ги пронашле дополнителните документи.

Слични содржини