145
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер го погоди денеска Чиле, со епицентар во близина на градот Кокимбо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 60 километри, додава EMSC.
Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета, јавува „Ројтерс“.