Уништени надгробни споменици на српските православни гробишта во Вуковар

од Stefanija Kuzmanovska
245 прегледи

Голем број споменици на српските православни гробишта во Вуковар биле уништени и искршени за време на Божиќните празници, најверојатно на 5 и 6 јануари 2023 година, соопшти Епархијата Осечополска и Барањска.

Со подетален преглед е утврдено дека се уништени 13 споменици, а за тоа била информирана и полицијата, по што била спроведена истрага, објавено е на веб-страницата на СПЦ.

Како што се наведува, ова е трет вандалски чин од ваков карактер за краток период, а особена тежина дава фактот што е извршен за време на божиќните празници.

Слични содржини