Русин кој одбил да војува против Украина доби пет години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
203 прегледи

Рускиот суд осуди војник со договор на пет години затвор затоа што одбил да се бори во Украина, објавија денеска судски извори.

Судењето се одржа во воениот суд во Уфа во Република Башкортостан на Урал, пренесува „Хина“.

Не сакајќи да учествува во специјална воена операција во Украина, Марсел Кандаров (24) не се пријавил на воениот повик во мај, објави во четвртокот заедничката служба за односи со јавноста на судовите во Башкортостан.

Пет години во казнен логор

Во септември, безбедносните сили го пронајдоа Кандаров и тој беше прогласен за виновен на судењето затоа што не се пријавил на воена служба повеќе од еден месец од почетокот на мобилизацијата. Тој е осуден на пет години затвор, кои ќе ги одлежи во казнен логор, се вели во соопштението.

Во септември, рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на 300.000 луѓе бидејќи руската армија претрпе порази во војната во Украина. Десетици илјади Руси ја напуштија земјата бегајќи од мобилизацијата и најчесто се засолниле во соседните земји како Ерменија, Грузија и Казахстан.

 

Слични содржини