Се „лета“ на патиштата: Санкции за 299 возачи

од Nikola Popovski
145 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (12.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 299 возачи.

Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 153 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 146 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, посочуваат од МВР.

Слични содржини