Издадена централна потерница по затвореникот Беким Мемети кој избега при спроведување

од Nikola Popovski
292 прегледи

Управата за извршување на санкции (УИС) најави направи вонреден надзор во КПУ Идризово после синоќешното бегство на затвореникот Беким Мемети и за сите утврдени неправилности ќе преземе соодветни мерки со цел да се утврди зошто не била обезбедена полициска асистенција за спровод до болница.

-Ќе се утврдува дали постои одговорност  за организацијата на спроведувањето на осуденикот, како и за пропустите кои довеле до ваква разврска на целиот настан. Издадена е и наредба за распишување на централна потерница, додаваат од УИС.

Според полицијата, затвореникот бил однесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде му се укажувала медицинска помош.

-На 12.01.2023 г. во 23,20 ч. четворица вработени во Затворска полиција кои биле со комбе „форд транзит“ на Затворската полиција побарале помош од полициски службеници на СВР Скопје, откако, според нивната пријава, додека вршеле спровод на осуденик Б.М. , од КПУ Идризово кон Ургентен центар „Мајка Тереза“, на автопатот, осуденикот му го одзел пиштолот на возачот И.Х. (вработен во Затворска полиција), пукал и го ранил И.Х.. Потоа осуденикот избегал со патничко возило „ауди“. Повредениот вработен во Затворската полиција е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа денеска од МВР.

Мемети од Тетово бил осуден на вкупна казна од 21 година затвор, од кои 19 за убиство и две за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Казната ја издржува од 28.12.2020 година, а истекува на 17.04.2040 година.

Слични содржини