Македонец во Хрватска фатен со 10 килограми марихуана, пушка и револвер

од Nikola Popovski
222 прегледи

Полициски службеници од полициската управа во Вараждин вчера на улицата „Хрватски бранители“ во градот запреле возач на автомобил додека вршеле задачи за борба против опојни дроги и психотрони сусптанции.

– Со проверката на идентитетот е утврдено дека се работи за 21-годишен државјанин на Северна Македонија со пријавен престој во Република Словенија. Бидејќи одбил да им дозволи на полицајците да го прегледаат неговото лично возило, Жупанискиот суд во Вараждин издаде налог за претрес на возилото, во кое имало 12 пакувања со 10.915 грама дрога марихуана, една автоматска пушка ППШ-41 од советско производство, со муниција, а пронајден е и еден непознат револвер од непозната марка и модел – известила денеска тамошната полиција.

Против македонскиот државјанин се води кривична истрага поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и тргување со дрога и кривични дела недозволено поседување, изработување и набавка на оружје и распрскувачки материи.

Слични содржини