151
„Ковачевски да каже дали и кои национални отстапки треба да ги направи или се работи за бизнис интереси?“, велат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ
Според нив, Ковачевски и Ахмети „не работат за доброто, ниту на Албанците во Македонија, ниту за Македонците“, тие работат само во свој личен интерес.
„Ковачевски е позитивен за средбата во Тирана зошто таа е на негово барање и за негов спас, затоа и молчеше, а потоа и со задоволство коментираше. Ковачевски и СДСМ да кажат кои се задачите кои ги добиле и колку тоа ќе ја чини Македонија?“, истакнуваат меѓу другото од партијата на Мицкоски и повторно побараа избори.