Ракометарите на Македонија го забележаа вториот пораз на Светското првенство во Полска и Шведска.
Тие загубија од Холандија во групата Ф во Краков со 34:24 (18:11).
Со втората победа Холанѓаните завршија голема работа во однос на пласманот во следната рунда од натпреварувањето.
Освен во првите неколку минути, кога нашите во три наврати успеаа да поведат со гол предност, се беше во рацете на Холанѓаните.
Со серија од четири последователни гола поведоа со 7:3, а на полувремето заминаа со седум гола предност, 18:11.
Македонија не се предаде, се обиде да се врати во продолжението, но не можеше повеќе од почесен пораз. На почетокот на продолжението се роди надеж кога дојдовме до минус четири. Сепак, тој налет брзо беше одбиен, а разликата до крајот стана двоцифрена.
Во победничкиот тим најефикасен беше Кеј Смит со десет гола, додека Дани Баијенс постигна седум гола.
Во тимот на Македонија Жарко Пешевски и Филип Кузмановски постигнаа по четири гола, а Дејан Манасков три гола.