Претседателот Александар Вучиќ денес по средбата во Домот на гардата на Војската на Србија во Топчидер, на која му беа презентирани резултатите од анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на Армијата за 2022 година, изјави дека Армијата ќе се фокусира повеќе на домашно производство на беспилотни летала и дронови во наредниот период, како и дека дополнително ќе се работи на зајакнување на специјалните единици.
Вучиќ најави дека зголемена плата ќе добијат и припадниците на специјалните единици и дека основната плата ќе биде повеќе од 200.000 динари, а дека со прекувремена работа ќе биде и до 320.000 динари месечно.
„На Националниот празник ќе издадам наредба како врховен командант, а потоа началникот на Генералштабот ќе распише конкурс за прием на млади мажи и жени во специјалните единици, до 5.000 луѓе“, рече Вучиќ.