Османи во Киев: Поддршка од Македонија за Украина која се залага за мир и просперитет во регионот

од Nikola Popovski
299 прегледи

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи вчера го посети Киев, каде што се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

-Продуктивна средба со претседателот Зеленски, напиша Османи на Твитер.

„Импресиониран сум од неговата посветеност на благосостојбата на украинскиот народ и неговата храброст наспроти тековните предизвици.

Сакам да ја изразам мојата целосна поддршка на украинската влада додека тие продолжуваат да се залагаат за мир, стабилност и просперитет во регионот“, истакна министерот.

ОБСЕ, додава Османи, е посветена на поддршката на Украина во нејзините напори да го врати мирот и да изгради стабилна, просперитетна и демократска нација.

„Повикувам на итно враќање на нашата теренска мисија во Украина како прв чекор. Мисијата ќе направи голема разлика на терен преку промовирање на стабилност, безбедност и човекови права за сите граѓани“, потенцира Османи.

Османи допатува во Киев во својство на претседавач со ОБСЕ.