Груби: Немам амбиции да бидам лидер на ДУИ, на Бејта му посакувам се најдобро

од Stefanija Kuzmanovska
238 прегледи

Вицепремиерот Артан Груби ги отфрли гласините дека се обидува да го преземе кормилото на ДУИ по заминувањето на Али Ахмети.

Груби во изјава за „Лајм“ рече дека нема такви амбиции, а воедно му одговори и на сопартиецот Невзат Бејта, кој денеска го нападна, нарекувајќи го „тенеќе“.

„Бејта ми е сопартиец. Му посакувам нему и на неговото семејство се најдобро“, изјави Груби.

На прашањето дали Ахмети побарал оставка од него, како што бараат членовите на т.н. „Огнена група“ во ДУИ, Груби вели дека последниот збор го има партискиот лидер, кој „кажал сѐ“.

Ахмети им порача на „огнените“, предводени од актуелните градоначалници на Чаир и Сарај, Изет Меџити и Блерим Беџети дека нема намера да го смени Груби.

Слични содржини