По несреќата во која загина украинскиот МВР, за нов министер именуван Игор Клименко

од Stefanija Kuzmanovska
122 прегледи

Украинската влада денеска го именуваше шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко, за заменик министер за внатрешни работи и му ги довери должностите на вршител на должноста министер за внатрешни работи, соопшти украинскиот премиер Денис Шмигал.

Назначувањето на Клименко беше објавено само неколку часа откако украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирск загина при пад на хеликоптер во близина на Киев.

Шмигал изјави дека Клименко официјално е назначен за заменик министер за внатрешни работи, но дека ќе ги извршува должностите на министерот, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини