Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Вучиќ изјави дека имал „многу коректен разговор со Пленковиќ за српско-хрватските односи“.
„Верувам дека во периодот што следи ќе успееме да постигнеме напредок и на економски и на политички односи“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Средбата меѓу двајцата официјални лица започнала нешто по 9 часот и траела половина час.
Пленковиќ на Твитер објави дека разговарале за билатералните односи и европскиот пат на соседните земји.
„Покрај политиката на дијалог и смирување на тензиите, неопходно е да се вложат дополнителни напори за решавање на отворените прашања“, рече Пленковиќ.